Гвардиола воодушевен од Барса и Интер: Кога играте така, стадионите никогаш нема да бидат празни!


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави денес дека е горд на играта на својот поранешен клуб Барселона и дека стадионите се полни поради натпревари како тој во полуфиналето на Лигата на шампиони помеѓу шпанскиот клуб и Интер.

Барселона на својот терен одигра нерешено 3:3 против Интер, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони, во еден од најинтересните натпревари оваа сезона во тоа натпреварување.

„Бев изненаден колку беше убава играта. Благодарение на такви натпревари, стадионите никогаш нема да бидат празни и нашата работа ќе расте. Можам само да бидам благодарен за двете полуфиналиња, и двата беа извонредни, особено вчерашното. Кога играте како Барселона, стадионите никогаш нема да бидат празни и може да живееме долго од тоа. Резултатите не се важни, ние кои ја сакаме Барселона можеме да бидеме многу горди”, рече Гвардиола, пренесе Мундо Депортиво.

Фото: Принтскрин