Гвардиола заминува во 2025 година, а веќе е позната неговата замена на „Итихад“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола наводно решил да остане во Манчестер сити уште една сезона, а потоа ќе замине од премиерлигашот.

Гигантот од Манчестер веќе тргнал во потрага по нов стратег, а наводно е позната и неговата замена.

Управата на „граѓаните“ го избрала Мичел кој имаше неверојатени резултати со Жирона оваа сезона и успеа да се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ).

Да потсетиме, Гвардиола го предводеше англискиот гигант на 472 меча, а притоа оствари 349 победи, 57 ремија и 66 порази.