Гвардиола жестоко се тргнува во трансфер периодот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити агресивно ќе пазари во летниот преоден рок.

Реномираниот Скај Спорт тврди дека менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, решил да го засили својот тим, а Шпанецот внимавал на двојката од италијанската Серија А.

Пеп ги сака напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, во неговиот тим. Тој ќе се обиде да ги ангажира ова лето и тие се неговите први „пикови“.

Лаутаро го гледа во Сити како идеална замена за Серхио Агуеро. Искусниот 32-годишен напаѓач се приближува кон крајот на неговиот договор и Мартинез треба да му биде долгогодишна замена.

Од друга страна, Кулибали ќе ја засили дефанзивната линија на Граѓаните, кои беа многу ранливи оваа сезона, а Сенегалецот е сигурно многу посакуван фудбалер за многумина.

Овие фудбалери би можеле да го чинат Сити скоро 200 милиони евра.