„Хабиб гладува, а нам ни пржи јајца, не можев да им верувам на сопствените очи“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов е голем шампион во ММА и најверојатно еден од најдобрите борци кои се појавиле во историјата.

Нурмагомедов имаше кариера која ја заврши со 29 победи и ниту еден пораз, а познат е по тоа што е многу скромен и што заработи милиони долари, но тоа не го промени.

За скромноста на Хабиб раскажани се многу приказни, а последната доаѓа од Сориано, кој не можел да им верува на сопствените очи.

„Иако не можеше ништо да јаде затоа што топеше килограми, кажа да ни направи ручек. Сакаше да ни испржи јајца, а ние одбивавме затоа што не сакавме да биде блиску до храна. Сепак, тој одби да нè послуша и ни направи ручек“, вели Сориано.