Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хабиб Нурмагомедов почна со подготовки за одбрана на титулата во УФЦ во лесна категорија. Тој на 18 април во Њујорк ќе го брани појасот против Тони Фергусон, а по долго време Дагестанецот остави интересна порака на Инстаграм.
Нурмагомедов испрати јасна порака на Инстаграм, па Фергусон треба да се плаши од него.
„Кралот никогаш не замина, ниту оди било каде. Кажете им дека доаѓам“, порача Хабиб.
Хабиб сигурно ќе биде фаворит против Фергусон, но многу ММА-експерти тврдат дека ова ќе му биде убедливо најголем предизвик досега.
Ова ќе биде петти обид за борба меѓу споменатите борци, зашто претходните четири меча по двапати се откажуваа и двајцата.