Хаџиевски си обезбеди пласман во елитата во ОАЕ!

Ѓоко Хаџиевски, поранешниот македонски селектор, оствари голем успех со својата екипа Емирати, која ја врати во елитната конкуренција во Обединетите Арапски Емирати.

Тимот на Хаџиевски славеше со 6-0 против Масафи и на едно коло пред крајот си обезбеди недостижна предност пред ривалите, а со тоа и промоција во елитата.

Емирати има три бодови предност пред последното коло, како и +15 голови, но и подобар меѓусебен дуел од ривалот Ал Батаех.

Заедно со Хаџиевски во стручниот штаб на Емирати се уште и Никола Аврамовски, Филип Деспотовски и Филип Маџовски.