Хадсон- Одои би сакал да заигра заедно со Џејдон Санчо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот и талентиран фудбалер на Челси, Калум Хадсон- Одои истакна дека би сакал да игра заедно со Џејдон Санчо во клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Манчестер Јунајтед засега е најзагреан за услугите на Санчо, но се споменува и тимот на Челси како можна дестинација за младиот фудбалер на Борусија Дортмунд.

„Со Санчо сме многу блиски, зборуваме секој ден. Јасно е дека тој игра феноменално и има одлична сезона. Очигледно станува збор за одличен фудбалер со кој јас сакам да играм затоа што мислам дека е одличен соиграч. Начинот на кој ние двајца играме, едноставно знаеме кој на која страна од теренот е и можам да ви потврдам дека и двајцата сакаме да играме заедно. Не знам дали ќе дојде, но секако дека сакам да играм со него во Челси“ –изјави Калум Хадсон- Одои.