Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Манчестер јунајтед пред една недела беше нападнат од хакери, кои сега бараат милиони евра од екипата. Од премиерлигашот беше соопштено дека се преземаат чекори за санирање на штетата и дека нема да бидат објавени податоци за членовите на тимот.
Меѓутоа, „Дејли мејл“ пишува дека хакерите имаат контрола врз компјутерскиот систем на Манчестер јунајтед и бараат милиони евра од тимот, а при тоа се закануваат дека имаат важни информации.
Доколку не ги добијат парите, тогаш сите информации ќе бидат објавено во англиската јавност. Исто така, „ѓаволите“ би можеле да добијат казна затоа што не ги заштитиле податоците на нивните фанови и вработени во тимот, а таа сума може да изнесува 18 милиони фунти.