Хакими обвинет за силување – не му се пишува добро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обвинителството во Франција почна постапка против фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими кој беше обвинет дека силувал девојка.

Во полиција се појавила 23-годишна девојка која го пријавила инцидентот, но не сакала д аго тужи фудбалерот, меѓутоа тоа нема да го спречи Обвинителството да почне случај.

Хакими го демантираше случајот преку своите адвокати, но и покрај тоа обвинителите ќе го истражат случајот, по што ќе биде познато што ќе се случи со одличниот фудбалер.

Додека сите ја чекаат одлуката за Хакими, постои голема можност ПСЖ да го суспендира фудбалерот, како што претходно им се случи на Бенџамин Менди од Манчестер сити и Мејсон Гринвуд од Манчестер јунајтед.