Халанд даде 10 гола за шест меча, а на Роналдо му беа потребни 70 настапи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд игра фантастично на почетокот на авантурата во Манчестер сити, па досега на шест меча постигна 10 гола и е главен фаворит за освојување на „Златната копачка“.

Интересно е тоа што на Халанд му беа потребни шест натпревари за да стигне до бројката од 10 гола, додека на Кристијано Роналдо за такво нешто му требаа 70 настапи во англиската Премиерлига за Манчестер јунајтед.

Меѓутоа Роналдо играше во силна екипа со ѕвезди како Руд Ван Нистелрој, Вејн Руни и други, додека Халанд нема голема конкуренција и е главен голгетер на „граѓаните“ во моментов.