Халанд е играч на сезоната во Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд е избран за играч на сезоната од навивачите на Манчестер сити.

Халанд во првата сезона за „граѓаните“ постигна 52 гола во сите натпреварувања, односно повеќе од сите останати во топ-5 лигите.

Напаѓачот на Манчестер сити стана најдобар стрелец во Премиерлигата и Лигата на шампиони, па заслужено беше избран за играч на сезоната.

Второто место му припадна на Кевин Де Брајне, кој претходно четири години ја освојуваше наградата.