„Халанд е врвен напаѓач, но не е фудбалер од светска класа!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд на само 21 година стана еден од најдобрите напаѓачи во светот, но Норвежанецот не е фудбалер од светска класа за сите. Поранешниот германски дефанзивец Јирген Колер смета дека младиот играч треба уште да напредува.

Бившиот играч на Борусија Дортмунд беше искрен кон младиот напаѓач на „милионерите“.

„Халанд е врвен напаѓач и може да стане најдобар, но засега не е фудбалер од светска класа“, кажа Колер.

Меѓутоа, Колер смета дека Халанд мора уште многу да се докаже за да го сметаат како фудбалер од светска класа.

Колер настапуваше во Борусија седум години, и тоа во период од 1995 до 2002 година и ја заврши кариерата во тимот.

Во текот на кариерата освои многу трофеи како Лигата на шампиони, УЕФА Купот, Бундеслигата, германскиот Суперкуп…