Халанд фотографиран со дрес на Манчестер Јунајтед, младиот Норвежанец пред портите на „Олд Трафорд“ (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екстра талентираниот напаѓач, Ерлинг Халанд е фотографиран како потпишува дрес на Манчестер Јунајтед.

Оваа фотографија со голема брзина се шири на социјалните мрежи и истата според многумина е јасен знак дека „Олд Трафорд“ е следна дестинација на одличниот напаѓач кој има неверојанти бројки зад своето име оваа сезона.

За Халанд се интересира речиси половина Европа, но се чини дека Манчестер Јунајтед ќе стигне прв до неговиот потпис.

Во петокот, Оле Гунар Солскјер лично заминал во Салцбург да разговара со Халанд за неговото доаѓањена Островот, а наводно по средбата младиот играч му посочил на тренерот на Манчестер Јунајтед дека сака да заигра во овој клуб.