Халанд го „копира“ Роналдо за да стане најдобар во свет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд игра фантастично од почетокот на сезоната, а по одличните настапи во дресот на Салцбург, уште подобро тргна во дресот на Борусија Дортмунд.

Неговиот татко Алфи Халанд, кој претходно играше за Манчестер сити, откри за „ЕСПН“ дека неговиот син го „копира“ Кристијано Роналдо, односно неговата исхрана за да стане најдобар во свет.

„Патрис Евра ми раскажа за ручекот со Роналод, кога јадел само риба и ништо друго. Ерлинг сега се обидува да го направи истото што го правеше и Роналдо, за да биде на исто ниво, како и тој во иднина. Засега тоа му се исплаќа“, откри таткото на младиот напаѓач.