Халанд го прекршил договорот и го налути Гвардиола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити беа подобри од Лидс со 2-1 и така на четири кола пред крајот ја задржаа предноста од четири бодови во однос на Арсенал, но тренерот Пеп Гвардиола не е среќен.

Илкај Гундоган постигна два гола во победата на „граѓаните“, а можеше да даде и трет откако Ерлинг Халанд му го отстапи пеналот во завршницата од дуелот, но истиот не беше реализиран.

„Да постигнеше Гундоган гол, тогаш сè ќе беше во ред. Но јасно е кој е изведувачот. Сакав пеналот да го изведе фудбалер кој знае да го направи тоа најдобро, а тоа се Халанд или Марез. Меѓутоа, и оваа ситуација покажува каква личност е Ерлинг. Сакаше да израдува соиграч. Ми покажа колку му се важни и го почитувам тоа, но не требаше да го прекрши договорот“, кажа Гвардиола.