Халанд има клаузула од 200 милиони евра и може да замине од Манчестер сити


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Атлетик“ објави дека Ерлинг Халанд во неговиот договор има клаузула од 200 милиони евра која ќе биде активна од јули 2024 година, па така Норвежанецот би можел да го напушти Манчестер сити.

Норвешкото чудо од дете може да си замине од клубот во 2024 година, но клаузулата не важи за тимови од Премиерлигата.

Предност му се дава на Реал Мадрид, кој долго време е заинтересиран за Халанд, но летово не успеа да го купи 22-годишниот голгетер.

Халанд блесна во дресот на Манчестер сити сезонава, па поради тоа го следат неколку европски гиганти, а на Реал Мадрид сериозно проблеми би можел да му направи ПСЖ, кој исто така е заинтересиран за неговите услуги.