„Халанд има клаузула со која може да замине во Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд игра во неверојатен ритам и веќе постигна три хет-трика за Манчестер сити, а навивачите на Реал Мадрид се надеваат дека наскоро ќе го видат и во „кралскиот“ дрес.

Поранешниот фудбалер на Реал, Фернандо Санц открива дека од сигурни извори му кажале за клаузула во договорот на Норвежанецот со која може да се пресели во Мадрид.

„Мојата информација е дека Халанд има клаузула која му овозможува трансфер во Реал Мадрид по две сезони“, вели Санц.

Доколку напаѓачот се согласи на такво нешто, тогаш Сити ќе мора да го продаде, но Реал ќе треба да плати околу 200 милиони евра.