Халанд ќе биде еден месец на одмор, а Гвардиола е загрижен за една работа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола не ја крие неговата загриженост поради фудбалерите кои нема да играат на Мундијалот во Катар и ќе имаат одмор од еден месец, а тоа е норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд.

Халанд оваа сезона одигра 15 натпревари за Манчестер сити во сите конкуренции и притоа постигна дури 22 гола.

До почетокот на Мундијалот има помалку од еден месец, а во следните неколку недели нè очекува пеколен распоред во најсилните фудбалски лиги.

„Зборував со фудбалерите кои нема да играат на Мундијалот и ќе имаат одмор. Халанд ќе биде во Марбелја еден дел, а другиот во Норвешка. Како ќе игра во вториот дел зависи од тоа како ќе се однесува на одмор во Марбелја“, вели Пеп.