Халанд ќе биде „шлаг на тортата“, Реал Мадрид има „џокер во ракавот“

Германски „Билд“ објави дека Баерн Минхен има намера да го ангажира Ерлинг Халанд во 2022 година, но шпански „АС“ тврди дека Реал Мадрид е во подобра позиција за негов трансфер.

„АС“ со голем оптимизам ги најави трансферите на Килијан Мбапе од ПСЖ и Едуард Камавинга од Рен следното лето, а како „шлаг на тортата“ ќе пристигне Халанд.

Норвежанецот сезонава во дресот на Борусија Дортмунд постигна 10 голови на 10 натпревари, па јасно е зошто привлекува интерес од најголемите европски тимови.

Менаџерот на Халанд, Мино Рајола е во одличен однос со извршниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез, па токму поради тоа не би требало да има проблеми во преговорите.