Халанд ќе го пропушти последниот меч на „граѓаните“ во 2023 година

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд нема да настапи ниту на последниот меч во годината на Манчестер сити откако се повреди на 6 декември.

Халанд сè уште не се рехабилитирал целосно од повредата и нема да заигра против Шефилд јунајтед на гостински терен.

„Ерлинг се чувствува добро, но не тренира со екипата. Се надевам дека во јануари ќе се врати“, кажа Гвардиола.

Норвежанецот има 19 голови и пет асистенции во 22 меча за Манчестер сити во сите натпреварувања.