Халанд ќе потпише нов договор со Манчестер сити, но само под еден услов

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд сака да остане во Манчестер сити, односно да потпише нов договор, но само под еден услов.

Англиските медиуми пишуваат дека Халанд ќе потпише договор и ќе добие повисока плата, но инсистира во соработката да има и откупна клаузула.

Новинарот Фабрицио Романо открива дека клаузулата ќе важи за сите екипи, а засега не се открива точната сума.

Реал Мадрид долго време покажуваше интерес за Халанд, па можеби би ја искористил откупната клаузула во иднина доколку биде вклучена во договорот.