Халанд му даде пет гола на Лајпциг, Интер преживеа на „Драгао“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити и Интер обезбедија место во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), а ноќ за паметење има Ерлинг Халанд кој постигна пет гола против Лајпциг.

Халанд почна да ја полни мрежата на Лајпциг во 22. минута, а продолжи во 24, 45, 54 и 57 минута за да испише историја, додека останатите два погодоци ги постигнаа Гундоган и Де Брајне.

Интер се мачеше на „Драгао“, каде што Порто напаѓаше, но италијанската екипа издржа и обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи.

Во последните два осминафинални дуели ќе се соочат Наполи и Ајнтрахт Франкфурт, односно Реал Мадрид и Ливерпул.