Халанд: Не ми беше денот, инаку ќе дадев два гола!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше против Интер во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и го освои првиот европски трофеј, а единствениот гол на мечот го постигна Родри.

Иако беше во центар на внимание, сепак Ерлинг Халанд не направи ништо посебно на теренот, а по натпреварот кажа дека не бил негов ден.

„Ова не го очекував. Се надевам дека ќе им даде надеж на сите деца кои играат фудбал. За некој ден, кога ќе се намали еуфоријата, повторно ќе го посакам трофејот на ЛИга на шампиони. Имав шанса да постигнам гол во финалето, но не ми беше денот, инаку ќе постигнев два. Но тоа не е важно“, кажа Халанд.