Халанд откри што јаде за да биде во совршена форма


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд се наоѓа во одлична форма, а во дресот на Манчестер сити оваа сезона постигна дури 20 голови на 13 меча и делува незапирливо.

Многумина се прашува која е тајната на неговиот успех и како е можно да биде толку добар, по што англиските медиуми откриваат дека дел од заслугата има неговата необична исхрана.

Халанд неодамна во еден документарен филм кажа дека јаде многу месо, но квалитетно кое го набавува од локални произведувачи.

„Другите луѓе не го јадат тоа, но јас се грижам за моето тело. Мислам дека треба да јадам квалитетна храна за да бидам добар. Јадам срце и џигер од крава, а тоа го избегнуваат многумина, иако сметам дека е добро за моето тело“, вели Халанд.