Халанд: Сакав да постигнам двоен хет-трик, но…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ерлинг Халанд игра неверојатно во дресот на Манчестер сити, па така вчера постигна дури пет гола против Лајпциг (7-0) во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Халанд стана трет фудбалер кој постигнал пет гола во ЛШ, но призна дека сакал да постигне барем уште еден погодок.

„Му кажав на Пеп дека сакам да постигнам двоен хет-трик, но што можев да направам друго? Ова е голема ноќ. Горд сум што играм во ЛШ. Пет гола, победа од 7-0, тоа ме прави среќен. Јас мислам само да шутнам, не размислувам на ништо друго. На нас останува да играме на врвно ниво и да се бориме за трофејот“, кажа Халанд.

Сити е во игра и за титулата во Премиерлигата, каде што има пет бода помалку од лидерот Арсенал.