Халанд се пожали: Не можам повеќе нормално да живеам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд блесна оваа сезона во дресот на Манчестер сити и постигна 50 голови за англискиот гигант.

Халанд стана главна тема во медиумите поради неговите настапи, а сега се пожали дека тоа му го променило животот.

„Не можам повеќе нормално да живеам. Тешко ми е да ги правам најобичните работи. Се обидувам да бидам тоа што сум секој ден и да се дружам со добри и искрени луѓе. Гледам многу фудбал во слободно време, но не и репризите на моите натпревари“, вели Халанд.