Халанд се сели во Барселона во 2025 година!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона се подготвува да тргне по потписот на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, откако Реал Мадрид претходно реши да го ангажира Килијан Мбапе.

Претседателот на каталонската екипа, Жоан Лапорта сака да го ангажира Халанд, иако тоа делува како невозможна мисија во моментов затоа што Барселона има финансиски проблеми.

Барселона го следи норвешкиот фудбалер веќе некое време, а Лапорта сакаше да го купи и во 2021 година, но финансиските проблеми му ги променија плановите.

Каталонскиот гигант на крајот на сезоната 2024/25 сака да се ослободи и од Роберт Левандовски, а неговото место во тимот да го наследи Халанд.