Халанд тренираше во теретана и го следеше мечот на неговиот следен тим?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд во последно време се поврзува со трансфер во многу европски гиганти. Норвежанецот игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд и многумина очекуваат на крајот на сезоната да го промени клубот.

Интерес за 20-годишниот фудбалер покажаа неколку клубови, меѓу кои и Барселона, а Халанд е во центар на внимание откако се појави фотографија како на тренинг следи меч на каталонскиот гигант.

Станува збор за натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Барселона во кој Каталонците беа одлични и триумфираа со 6-1, а Халанд имаше што да види на дуелот.