Халанд во моментов е во Манчестер сити на позајмица од Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот на шпанска „Марка“, Делфин Мелеро објави дека Ерлинг Халанд ќе го напушти Манчестер сити во јуни 2024 година и ќе потпише за Реал Мадрид.

Халанд се поврзуваше долго време со „кралевите“, но сепак трансферот не се реализираше и на крајот „граѓаните“ го добија неговиот потпис и очигледно направија одличен потег.

„Халанд во моментов игра за Манчестер сити на позајмица од Реал Мадрид“, објави новинарот Мелеро.

Мелеро смета дека претседателот на шпанскиот првак, Флорентино Перез намерно не тргнал по потписот на Халанд затоа што бил сигурен дека норвешкото чудо од дете ќе потпише за „кралевите“ во 2024 година.

Норвежанецот има клаузула во договорот според која може да замине од Манчестер во јуни 2024 година, но за тоа Реал ќе мора да плати 200 милиони евра.