Хамес приоритетна трансфер цел на Евертон


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Колубмискиот интернационалец, Хамес Родригез е примарна трансфер цел на Евертон за ова лето.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Карло Анчелоти ќе притиска Хамес да се пресели на „Гудисон Парк“ ова лето. Искусниот италијански стратег работеше со Родригез во Реал Мадрид и Баерн Минхен и сега сака повторно да соработува со офанзивниот фудбалер.

Наводно Евертон подготвил и четиригодишен договор за Хамес и во моментов е во предност пред Арсенал за ангажман на играчот кој некогаш важеше за еден од најголемите таленти во светот.