Хамес тврди дека има понуда тешка 85 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид Хамес Родригез кој играч е доведен за 80 милиони евра после СП во Бразил 2014 година, тврди дека има понуда од 85 милиони евра да го напушти Сантијаго Бернабе.

Колумбиецот тоа го призна на новинарите на Марка, но и рече дека ќе се бори за место во првиот тим кај Зинедин Зидан.

„Ќе го заслужам своето место. Тоа е мојот сон. Ќе останам во Мадрид и ќе успеам овде. Знам дека клубот прими понуда од 85 милиони евра за мене, но јас не одам никаде“, рече Хамес но не откривајќи за кој клуб се работи.

Досега се поврзуваше со ПСЖ, Манчестер Сити, па дури и со Вест Хем и речиси секој гигант кој може да го плати.