Хамилтон блесна на спринтот, па разочара во квалификациите за главната трка во Кина


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше две различни изданија утрово во Кина, откако најпрво го освои второто место на спринтот, а потоа разочара во квалификациите за главната трка.

Хамилтон во спринтот заврши зад Макс Ферстапен, додека во квалификациите го освои дури 18. место од кое ќе ја почне главната трка.

„Секогаш сум среќен во Кина, луѓето ми даваат голема поддршка. Не може да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е голем чекор“, кажа Хамилтон по спринтот.

Трката за Големата награда на Кина се вози утре од 9 часот.