Хамилтон и Расел ќе возат за Мерцедес до 2025 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги реши дилемите за неговата иднина, откако потпиша договор со Мерцедес до 2025 година.

Хамилтон во изминатите месеци беше поврзуван со неколку тимови од Ф1, но на крајот реши да остане во екипата за која вози повеќе од 10 години.

Нов договор доби и младиот возач Џорџ Расел, кој потпиша до 2025 година, па тие двајца заедно ќе возат и во следните две години за „сребрените стрели“.

„Не е лесно да се стигне до врвот, но со напорна и посветена работа може да се постигне успех“, кажа Хамилтон.