Хамилтон испиша историја – прв возач до 100 пол-позиции!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за трката во Шпанија и така стигна до бројката од 100 пол-позиции во кариерата.

Втор во квалификациите беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен со заостанување од 0,036 секунди, додека трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Од четврто место ќе тргне Шарл Леклер од Ферари, па следи Естабан Окон од Алпин и Карлос Саинц од шестото место за Ферари.

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо е седми на стартот, Серхио Перез тргнува од осмото место, а зад него следат Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

Четвртата трка во шампионатот, за Големата награда на Шпанија, се вози утре од 15 часот.