Хамилтон ќе остане во Мерцедес: Не ми паѓа на памет да потпишам за Ферари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон кажа дека наскоро ќе потпише нов договор со Мерцедес, иако се појавија шпекулации во изминатите денови дека бил блиску до потпис за Ферари.

Англиските медиуми пишуваа дека Ферари му нуди 40 милиони евра на седумкратниот светски првак во Формула 1, но директорот на екипата, Фредерик Васер кажа дека тоа не е вистина.

Оваа приказна ја демантираше и возачот на Мерцедес, кој кажа дека сака да остане кај „сребрените стрели“.

„Мислам дека е нормално да има вакви шпекулации. Преговараме со Тото Волф и наскоро ќе потпишеме договор. Фокусиран сум само на мојата работа“, кажа Хамилтон.