Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерцедес и сезонава доминира на патеките во Формула 1 и тешко дека некој може да ги запре во походот кон новата титула.
Германскиот тим ја покажа својата сила на почетокот на сезоната, кадешто имаа совршен старт на пет трки. Покрај доминацијата на трките, Мерцедес ја покажа и хуманата страна.
Петгодишно момче Хари Шо од Англија, кое боледува од рак во последна фаза неодамна му испрати порака на Луис Хамилтон преку Инстаграм и откри дека е негов идол.
Родителите на Хари решија да го вратат момчето од болница, зашто сакаат дома да ги помине последните денови од животот, а Хамилтон и Мерцедес направија прекрасен потег.
Тие испратија болид на домашна адреса на петгодишното момче, кое уживаше во друштво на болидот на својот идол. Тоа е истиот болид со кој Хамилтон во неделата славеше во Барселона.
.@LewisHamilton has brought the smile back to a boy fighting the final days of his young life. Hamilton dedicated his Grand Prix victory to Harry Shaw from Surrey. The Mercedes team hastily arranged for one of their cars to park outside Harry’s home as @samholdertv reports pic.twitter.com/qdphRn3MP8
— ITV London (@itvlondon) May 13, 2019