Хамилтон на пол позиција на „Монца“, катастрофа над катастрофите за Ферари


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата пред Големата награда на Италија, осмата трка од годинешниот шампионат во Формула 1.

Британецот на легендарната „Монца“ стигна до својата 94. пол позиција во кариерата, а воедно го постави и рекордот за најбрз круг на патеката со време од 1:18.887.

Од втората позиција на Монца ќе стартува, Валтери Ботас, додека трети и четврти ќе стартуваат Карлос Сајнц и Серхио Перзез.

За забележување на „Монца“ беше и дебаклот на Ферари чии возачи за прв пат од 1984 година нема да се најдат во првите 10 на стартот на домашната патека.

Себастијан Фетел ќе стартува од катастрофалното 17 место, додека Шарл Леклер трката ќе ја започне од 13. позиција.