Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Хамилтон има договор со Мерцедес до следното година, а засега немаат потпишано нова соработка и не е сигурно дека ќе го продолжат договорот.
Хамилтон вели дека вообичаено прават договор за следните три години, но сега времињата се променети.
„Обично правиме план за следните три години. Но, секако, сега е друго време. Дали сакам да потпишам тригодишен договор? Тоа исто така е прашање. Се уште има многу прашања на кои треба да се одговори“, кажа Хамилтон.
Шампионот вели и дека не преговарал со друг тим и не планира во иднина да го направи тоа.
„Не сум преговарал со било кој друг тим и не планирам тоа да го направам. Еден ден Тото Волф и јас ќе разговараме за тоа прашање и ќе видиме дали нашиот пат ќе биде заеднички. Времето ќе покаже. Се надевам дека ќе има вести во следните неколку месеци“, објаснува шампионот.