„Хамилтон нема да се враќа во Ф1“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон смета дека Луис Хамилтон повеќе нема да биде дел од „најбрзиот циркус“ во светот.

Британецот за малку ќе ја освоеше осмата рекордна титула во шампионатот, но во тоа го спречи Макс Ферстапен со преминување во последниот круг во последната трка во сезоната.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф кажа дека разочарувањето поради загубата на титулата нема да влијае на Хамилтон, но сега се јави и поранешниот прв човек на Ф1.

„Не сум разговарал со Луис, но зборував со неговиот татко пред неколку дена. Веднаш почуствував дека не сака да зборува за иднината на својот син. Не знам што се случува со Луис, но мислам дека нема да се врати“, вели Еклстон.