Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Хамилтон ја заврши трката за Големата награда на Русија на третото место иако имаше пол позиција.
Кога излезе на патеката Хамилтон, тој вежбаше старт на недозволено место, а откако трката започна, му беше изречена казна од 10 секунди.
„Јас сум прилично сигурен дека никој не доби две казни од пет секунди за нешто толку смешно“, рече Хамилтон по трката.
„Никој не сум загрозил, го правев тоа на милиони патеки низ годините и никогаш не сум бил казнуван за тоа“.
Хамилтон го дели победа од престигнување на легендарниот Михаел Шумахер, а Британецот рече дека се обидуваат да го спречат.
“Секако дека казната е престрога. Но, тоа е очекувано. Тие се обидуваат да ме запрат, нели? Но, во ред е. Морам да се смирам и да останам фокусиран, за да видиме што ќе се случи”, рече возачот на Мерцедес.
Инаку, неколку часа по трката, судиите ги избришаа казнените поени на Хамилтон, а на крајот Мерцедес беше казнет со 25.000 евра.