Ханси Флик и торба полна со трофеи, статистика за историја!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ханс-Дитер Флик го презеде тимот на Баерн Минхен од Никo Ковач на крајот на минатата година. Тој му беше асистент, па доби можност како вршител на должноста на шеф на стручен штаб, сè додека управата на клубот не донесе одлука кој ќе го наследи хрватскиот стручњак.

И додека се шпекулираше за Ерик тен Хаг, Покетино и многу други имиња, поранешниот играч на Баерн си ја вршеше својата работа.

Започна со победа против Олимпијакос во групната фаза од Лигата на шампионите, а по серијата добри резултати ја доби довербата од управата до крајот на сезоната.

Она што следеше, ќе остане запишано со златни букви во историјата на еден од најголемите европски клубови.

Флик го предводеше Баерн на 38 натпревари, забележа 35 триумфи, едно реми и два порази.

Ја освои титулата во Бундеслигата, го освои Купот на Германија, а потоа и Лигата на шампионите, тројката беше комплетирана.

Тој не застана тука, по 8:0 против Шалке на отворањето на Бундеслигата, синоќа неговите играчи беа подобри од Севилја на Суперкупот на УЕФА по голема борба, па четвртиот трофеј заврши во витрините на Баерн, бидејќи Флик беше на клупата.

Кога станува збор за тоа, Флик го освојува трофејот на секои 9,5 натпревари, а доколку слави и за трофејот во Суперкупот на Германија, ќе има импресивен просек на освоен трофеј на секои осум натпревари!

Неверојатно е како тој ги сврте работите во Баерн и создаде вистинска машина на „Алијанц Арена“, и како ја започна новата сезона, се чини дека нема да застане наскоро.

Тој ќе има можност да стигне до петтиот трофеј на 30. септември, натпреварот од Суперкупот ќе се игра на „Алијанц Арена“, а противник е Борусија Дортмунд.