Хаос и изненадување во Асен, Милер ја покори катедралата

Возачот на Естреља Галиција Марк ВДС рејсинг, Џек Милер триумфираше на големата награда на Холандија.

Младиот Австралиец дојде до големо изненадување после фантастичното возење во Асен и трката која беше возена во два дела поради лошите временски услови.

Милер така стигна до првата победа во најсилната класа, а исто така стана и првиот возач кој победил, а да не е член на фабрички тим од 2006-та година.

Второто место му припадна на Марк Маркез, а третото на Скот Рединг. Актуелниот шампион Хорхе Лоренцо заврши 10-ти, а Валентино Роси ја заврши трката после паѓање во момент кога имаше водство.

ГН на Холандија ја обележа лошите услови и трката беше прекината во 15-тиот круг. Во моментот на прекинувањето Петручи беше пред Довициозо и Роси. Довициозо беше тој кој беше прв пред кругот пред прекинувањето и затоа тргна од првото место во продолжението од трката. Во вториот дел требаше да возачите да возат уште 12 кругови, а три возачи кои беа на првите три места не ја завршија трката. Прво на Петручи му се расипа моторот, а Роси и Довициозо паднаа. После нивните проблеми, Маркез дојде на првата позиција, но многу брзо му се придружи Џек Милер кој успеа да го помине и да победи.