Хаос на дербито меѓу Лион и Монако: Се тепаа сите, судијата подели четири црвени картони! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако и Лион се истепаа на крајот на натпреварот, а судијата немаше друго решение освен да им покаже четири црвени картони.

Монако беше поразен со 2-3 и сега Лион му го загрози третото место. Гостите со голот на Рајан Шерки оствари голема победа и така се вклучи во борбата за Лига на шампиони.

Кога судијата досуди крај, фудбалерите на гостинскиот тим почнаа да слават, а веројатно поради тоа се скараа на теренот со ривалите.

Судијата по мечот подели четири црвени картони поради инцидентот кој се случи на теренот.