Хаос на СП: Снајперист на покривот за време на натпреварот во осмина финалето! (ВИДЕО)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатна сцена беше видена за време на натпреварот помеѓу Германија и Парагвај во осмина финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Парагвајците приредија сензација и ги елиминираа четирикратните светски шампиони на пенали, но за време на нивниот натпревар беше виден необичен детел.

Таа ситуација експресно почна да кружи на социјалните мрежи, а на неа беше забележан снајперист позициониран на покривот на стадионот.

Оваа сцена ја објави американскиот инфлуенсер Кајден Дејвис, кој заедно со приложеното видео напиша:

“Дали сте некогаш барале снајперисти на спортски настан во Америка?”, праша Дејвис.

Оваков призор е невообичаен во Европа, кога се играат најголемите натпревари под закрилата на УЕФА, поради што навивачите беа многу изненадени.

Види ја објавата на Instagram

Објава споделена од Caden Davis (@itscadendavis)