Флуминенсе стана првиот полуфиналист на Копа Либертадорес, но завршницата на реваншот против Платенсе во Буенос Аирес беше во сенка на судирот меѓу двете навивачки групи. Инцидентот настана откако домашните навивачи украдоа знаме од приврзаниците на бразилскиот клуб.
Флуминенсе пристигна во Аргентина со голема предност по победата од 2:0 во првиот натпревар, но Платенсе веќе во текот на првото полувреме успеа целосно да го избрише заостанувањето.
Мајнеро погоди за 1:0 во 30. минута, а во втората минута од судиското надоместување на првиот дел Сепулведа постигна втор гол и ги доведе домашните на чекор од големо изненадување.
Бразилската екипа одговори во 57. минута. Канобио ја затресе мрежата по асистенцијата на 40-годишниот Хулк и намали на 2:1. Сепак, по последниот судиски свиреж, фудбалот падна во втор план.
Навивачите на Платенсе украдоа знаме од гостинските навивачи, што доведе до судир меѓу двете навивачки групи.
Погледнете го видеото ТУКА.
















