Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер е многу блиску до пласман на позиција која води во Лигата на шампиони, а тоа е нивна главна цел. Меѓутоа, екипата од Милано имаше неколку турбулентни периоди, кои уште не завршија.
По драмата со Мауро Икарди, сега нов проблем направи Жоао Марио. На денешниот тренинг Португалецот го налути тренерот Лучано Спалети, кој по караницата го испрати дома.
Сепак, Спалети му порачал дека не е суспендиран, но од него очекува на утрешниот тренинг да покаже многу поголема желба за тренинг.
Меѓутоа, јасно им е на сите дека Марио на крајот на сезонава ќе го напушти Интер, а интерес за него покажаа Порто и Евертон.