Хаос во Мадрид: Фудбалер на Атлетико сакаше да се тепа со навивачите! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Атлетико Мадрид не беа задоволни поради настапот против Виљареал, па ситуацијата ескалираше откако еден фудбалер на Атлетико тргна во пресметка со фановите на трибините.

Марио Ермосо постојано слушаше навреди на сметка на Антоан Гризман, по што се „исклучи“ и реши да се пресмета со навивачите.

Ермосо тргна кон трибините по поразот на Атлетико од Виљареал со 0-2, по што сакаше да се тепа со нив, но за среќа на крајот реагираа редарите и полицијата и спречија сериозен инцидент.

Фудбалерот на Атлетико се одалечи од трибините, додека навредите од навивачите продолжија.