Хаос во Јувентус – казнет Влаховиќ!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус во претходното коло на Серија А претрпе болен пораз од Фиорентина, што дополнително ја закомплицираше борбата на „старата дама“ за пласман во Лигата на шампионите.

Атмосферата во тимот од Торино потполно ескалираше, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите.

За време на натпреварот дојде и до вербален судир помеѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што дополнително ја потресе екипата во најнезгодниот момент на сезоната. Во клубот таквото однесување не се подготвени да го игнорираат.

Поради инцидентот, раководството на Јувентус одлучи да ги санкционира двајцата играчи со парични казни, додека беа избегнати построги мерки како суспензии, со оглед на важноста што ја имаат во финишот на првенството.