Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Плејмејкерот на Хјустон, Џејмс Харден летово одби повик од Грег Поповиќ да биде дел од репрезентацијата на САД на Светското првенство, но сега сака да игра на Олимписките игри.
Харден е еден од најдобрите американски кошаркари, кои решија да не настапат на Мундобаскетот, на кој САД го освои дури седмото место.
„Една од моите цели е да ја претставувам оваа убава земја на Олимписките игри следното лето“, порача кошаркарот на Хјустон.
Овој 30-годишен кошаркар со државниот тим веќе има два златни медали од ОИ во 2012 во Лондон и СП 2014 во Шпанија.
Желба да се вратат во репрезентацијата покажаа и Џими Батлер, Стефа Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Демиен Лилард…