Харден трагичар за Клиперс, Феникс славеше по продолжение (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Феникс санс минатата ноќ славеше против Лос Анџелес клиперс со 116-113 по продолжение во НБА-лигата.

Клиперс имаше предност од 10 поени во последната четвртина, но Кевин Дурант се разигра и му обезбеди продолжение на својот тим.

Трагичар за екипата од Лос Анџелес беше Џејмс Харден кој промаши три шута по ред кои можеа да му донесат солидна предност на Клиперс.

Дурант беше најефикасен кај Феникс со 25 постигнати поени, додека Харден запиша 29 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Останати резултати:

Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126
Мајами – Орландо 97-116
Филаделфија – Милвоки 109-124
Торонто – Кливленд 106-136
Детроит – Индијана 109-115
Атланта – Бруклин 120-116
Портланд – Голден Стејт 104-139